Menu
Your Cart

ПРОМЕНИ

ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме јавете ни се на 02/3119987 Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара.

Потоа се врши физичка проверка во кој малопродажен објект е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг.

Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета и фактура.

По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавницата, не можете самоиницијативно да правите замена во малопродажните објекти на нарачаниот производ.

Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.

РОК ЗА ЗАМЕНА

Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА ПРИ ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ

Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

НАПОМЕНА

Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за замена на производот.